еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува протест на вработените од Управата за матични книги

Вработени од Управата за водење на матични книги денеска протестираат пред зградата на „Нова Македонија“ каде се наоѓа седиштето на Управата. Блокирана е крстосницата на булеварот „Св. Климент Охридски“.

Претседателот на Синдикатот, Тони Милошески во изјава за МИА вели дека ќе протестираат до 17 часот затоа што вработените се револтирани по најавите дека ќе им бидат скратени платите за периодот додека штрајкуваат.

– Дел од вработените земаат минимална плата од 18.000 денари и ако уште тие им се скратат, тогаш што ќе им остане. Меѓу вработените има и самохрани родители, рече Милошески.

Штрајкот во Управата за водење на матични книги трае веќе пет недели. Синдикатот успеа со раководството на Управата да ги усогласи во најголем дел ставовите околу новиот колективен договор кој треба да се потпише на ниво на работодавач.

Со колективниот договор усогласена е исплатата на К-15 во висина од 50 проценти од просечната плата, исплата на работа во сабота и јубилејните награди. Останува барањето на синдикатот за зголемување на платите за 30 проценти.

МИА/Фото: Фејсбук/Управа за водење на матични книги

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова метода која ќе заштеди пари: На државна кардиохирургија вградено механичко срце на татко на шест деца

Редакција

Уште тројца починати на инфективното одделение во болницата во Велес

Редакција

Владата одобри првична финансиска помош од 97.560 евра за Албанија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница