еМагазин
Македонија

Продолжува судењето: Кои се 33. лица обвинети за собраниските настани од 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ќе продолжи судскиот процес за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Вчера, на првото рочиште, воведни говори имаа обвинителката Вилма Рускоска и адвокатите на дел од обвинетите.

Во случајот обвинети се триесет и три лица, од кои триесет и едно од обвинетите одговараат за „тероризам“, додека две за „помагање“.

На обвинителната клупа во судот седнаа Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска – Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Предметот го води судијката од организиран криминал Добрила Кацарска, која веќе закажа вкупно 37 термини за главна расправа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александар Јанев нов директор на Бирото за јавна безбедност

Редакција

Кои ресори освен здравство, ќе ѝ припаднат на Алтернатива

Редакција

Нови 254 случаи на Ковид-19 од 2.160 тестирања, во Скопје 111

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница