еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз”

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за незаконското финансирање на невладината организација „Меѓународен сојуз”, за што заедно со основачот Бојан Јовановски – Боки 13, обвинети се уште четири лица.

На денешното рочиште предвидено е да сведочат двајца претставници на „Дрим билдинг”, а на некои од следните проодлженија и битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски.

Судењето за овој предмет е во фаза на изведување вербални докази.

Покрај Бојан Јовановски, обвинети се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на првообвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Авторот на проектите за Домовите за стари лица, Лилјана Тодорвска сведочеше на рочиштето за „Меѓународен сојуз”

Судење за „Меѓународен сојуз”: Сведокот Кухар го обвини Бојан Јовановски за измама од 250 илјади евра

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) „Жртви“ на руските комичари освен Заев биле и Макрон, Ердоган, Столтенберг…

Редакција

Комисијата препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, а ќе има и измени на антиката во учебниците

Редакција

Поради здравствени причини, Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница