еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Рекет”

Судскиот процес за предметот „Рекет“ продолжува денеска со презентација на материјалните докази.

На последното рочиште за овој предмет се читаа и се презентира наредби и извештаи од одземените предмети при претресите во домовите на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева, односно во домот на осудениот Зоран Милески-Кичеец.

Јавноста имаше можност да слушне дека при претресот извршен во домот на Боки 13 времено се одземени многу предмети, гардероба и мебел, додека од домот на обвинетата Јанева, како што информира обвинителката Ирена Трајчева, се одземени лаптоп, УСБ-стикови и други предмети.

По презентацијата на материјалните докази од страна на обвинителството, се очекува и одбраната на Боки 13 и Јанева да ги презентира нивните материјални докази.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Боки на рака му напиша писмо на Јовески, бара да биде изведен пред него

Кичеец ќе сведочи за „Рекет“ на покана на Боки 13 и Јанева

Судење за “Рекет“: Од домот на Јанева одземена и кожна ташна „Луј Витон”

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

70-годишник се фрли од прозорец во ковид-центарот на „8-ми Септември“ и почина

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 11 лица, 171 казна за неносење маска

Редакција

Ковачевски со осуда за отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница