еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Рекет“, треба да сведочат сведоци на Боки13

По минатонеделните две одложувања поради отсуство на сведоците Владимир Тодоровиќ и Дејан Панделески, денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева.

На денешното рочиште исказ треба да дадат сведоци предложени од одбраната на Боки 13.

Како што најави судечкиот совет, рочишта за предметот „Рекет“ се закажани до 10 април. Според редоследот на рочиштата, судењето ќе продолжи и во тек на изборна камапања за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Транспаренси Интернешанл Македонија: Институциите без интерес за ризикот од корупција

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека неколку фирми во стечај на мајката на Костадинов се избришани од регистар

Редакција

Убава вест: Оздравени 978 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница