еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за тортурата при апсењето на Бошкоски

Со изведување материјални докази денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски – Пуки и уште петмина припадници на единицата, за апсењето на Љубе Бошкоски.

На минатото рочиште оштетениот Бошкоски, на сослушувањето во својство на сведок, рече дека му е многу жал што се случил таков настан, и оти сака да го избрише од неговата меморија. Тој оцени дека апсењето било политички реваншизам што произлегол од неговите јавни настапи по напуштањето на партијата ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на Обединети за Македонија.

Бошкоски рече дека ќе бара обвинетите кривично да одговараат, а за оштетното побарување ќе каже во текот на постапката.

Сите обинети пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Бошкоски во изјава за медиумите прашан колкава материјална штета ќе побара, рече дека тој не е тука за материјална штета, туку за штетата која му била нанесена наму, на неговото семејство и на неговата политичка партија од, како што го нарече, полициско-политичкиот монтиран процес.

МИА/фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До сега се потрошени 100 евра: Владата не знае колку пари ќе потроши за кампањата за референдумот за името

Редакција

Измените во Изборниот законик пред избори го загрозува легитимитетот на изборниот процес, сметаат од Транспаренси Интернешнл Македонија

Редакција

Шефот на Вишто јавно обвинителство поднел предлог за дисциплинска одговорност за двајца обвинители

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница