еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на вешто лице.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И ветеринарите ќе се вакцинираат во Србија

Редакција

Притвор за дадилката која тепеше дете во игротека

Редакција

Кадровски смени во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите претседатели на општинските комитети

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница