еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за изборните нерегуларности, „Титаник“

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Предметот се наоѓа доказна постапка и на дененшното рочиште СЈО треба да почне со читање на материјалните докази за предметот.

Судијата Осман Шабани на минатото рочиштето побара одбраната да достави список кои материјални докази им се приоритетни за да бидат прочитани, а во спротивно ќе се читаат сите.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на Изборниот законик

Редакција

Температура, малаксаност и кашлица, најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19

Редакција

Во Делчево еден починат и седум новозаболени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница