еМагазин
Image default
Бизнис

Продолжува трендот на раст на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со претходниот квартал, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.3 проценти, за материјали за 2.1 процент, а трошоците за вработените за 2.8  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2021 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2020  година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 17,9  проценти, трошоците за материјали за 23 проценти и трошоците за вработените за 8.1 процент.

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС го доби тендерот на Собранието за набавка на струја вреден 249.000 евра

Редакција

Тендер „тежок“ 19.500 евра: Агенцијата за иселеништво купува апликација за изучување мајчин јазик

Редакција

(Видео) На 8. мај се отвара “Retail Park” во Струмица, еве како изгледа и кои брендови ќе имаат продавници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница