еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Проект Среќа“ ќе помогне да ѝ се направи купатилото на баба Марица, за која упативме апел поради нејзината состојба

„Проект Среќа“ се нафатија да обезбедат се што е потребно за да ѝ се направи купатило во домот на баба Марица, откако „еМагазин“ го пренесе статусот на Моника Чекаловиќ која информираше за состојбата на оваа жена-лавица.

„Денес прочитавме за случајот на бабата херој, Марица, и „Проект Среќа“ заедно со нашите донатори ќе обезбедат се’ потребно за купатилото да им се уреди комплетно на ова семејство,“ информираа од „Проект Среќа“ на нивната фејсбук-страница.

„еМагазин“ денеска упати апел на социјалните мрежи на оваа измачена жена да и помогнеме и да и се направи купатилото за да има каде да ги капе нејзините внуци.

Таа се грижи за нив наместо нивната мајка која ги напуштила како мали. А едното детенце е со попреченост и секој ден со четири автобуси го носи во школо и поминува по 14 километри.

Целата приказна може да ја прочитате ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нехар турс“ ги откажa планираните туристички тури во Италија

Редакција

Нови 632 случаи на Ковид-19 од 6.531 тестирања

Редакција

Две лица приведени за убиството на докторот Ацо Трпковски, мотивот не е поврзан со неговата професија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница