еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Проф. Дејан Трајковски: 1.665 починати од ковид на милион жители, со што се наоѓаме на 6. место во светот

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на заболени, се осврна на смртноста од Ковид-19 во Македонија.

„Да не се залажуваме, доколку сметаме со пореалниот број на жители (околу 1,8 милиони), кумулативниот морталитет во Македонија изнесува 1.665 умрени од ковид на милион жители, со што се наоѓаме на 6. место во светот, веднаш по Чешка.

Овој ужасен резултат тешко може да се избрише.

Инаку, првите 17 места на оваа светска ранг листа ги држат европските земји и САД. Дали има поубедлив доказ дека политиката на соживот со вирусот е тотално промашена?,“ напиша тој на неговиот Фејсбук-профил.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вања Ѓорчевска, тема и во медиумите во регионов: „Девојче исчезна во најпрометниот дел на Скопје„

Редакција

(Фото) Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска „облече“ боксерски ракаваци

Редакција

Анкета: 69% од граѓаните се загрижени дека може да избие епидемија не само на сипаници, туку и на други заразни болести

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница