еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: Изненаден сум од високата вредност на репродукцискиот број, а се зголемува стапката на позитивни тестови и дневните бројки

Проф. Дејан Трајковски на својот Фејсбук профил ја анализира моменталната состојба со коронавирусот, конкретно вчерашната бројка на нови случаи – 14, што според него е многу како за во недела.

“Но, не се само дневните бројки на нови случаи и ефективниот репродукциски број Rt е во пораст.

Започна да расте и стапката на позитивни тестови, при приближно константен дневен број на тестирања – јасен индикатор дека вирусот одново започнува да се шири. Така тоа започнува.

Изненаден сум од високата вредност на репродукцискиот број Rt, иако на почеток тој секогаш има повисоки вредности.

Пред влегувањето на Делта сојот имавме Rt околу 0,70, па сметајќи со 40%-60% поголема преносливост очекував летово тој да достигне 1,0-1,1, односно само проста репродукција, но моментално изгледа дури и полошо.

Ќе почекаме десетина дена да видиме дали ваквиот резок пораст (во последниве седум дена Rt = 1,66 ± 0,62) се должи само на заразувањето на членовите на семејствата, на попуштањето на вниманието кај населението или пак веќе систематски, верижно започнува да се заразува општата популација.

Патем кажано, на Тетово му се придружи и Гостивар, а малку веројатно е дека се работи само за обично „повампирување“ на Алфа сојот. Поверојатно е дека ова е по заслуга на Делта сојот,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делта сојот локално се шири, за десетина дена ќе има хоспитализации, а на почетокот на август и првите смртни случаи, вели проф. Трајковски

Проф. Трајковски за третата доза од вакцината „Фајзер“: „Потребно е повремено поткревање на количеството на антитела“

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 5 месеци потврдено дека телото извлечено од бездна кај Демир Капија е на Илија, кој се водеше како исчезнат 2 години

Редакција

Убава вест: Оздравени четворица од Ковид-19

Редакција

Вакцинирани или не, Грција за влез воведува задолжителен негативен ПЦР-тест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница