И покрај смртта на неговиот брат, најдобриот македонски драматург Горан Стефановски, Влатко Стефановски не го откажал концертот во Мелбурн.
„Концерт што ќе се памети во Мелбурн. Голем е Влатко, уште пооголем е неговиот талент. И во најтешкиот момент од неговиот живот, се покажа до крај голем професионалец. Многу емотивно..многу спомени и сеќавања, незаборавно“, напиша Дона Димовски Кантаровски.
Новинарката Маја Б.Талевскa која живее во Австралија, за концертот ќе каже:
„Реката на емоции не поплави вчера на концертот на Влатко во Мелбурн. На крајот потече и “Бистрата вода” 🖤
Posted by Donna Dimovski-Kantarovski on Петок, 30 ноември 2018
Фото/видео: Фејсбук/Дона Димовски Кантаровски и фотографии на Маја Б. Талевска за „СБС“