еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Профит од 117 милиони евра: Сите банки работеле со добивка

Во 2020 година, банкарскиот систем оствари добивка од работењето во износ од 7,2 милијарди денари (117 милиони евра), којашто во споредба со претходната година е поголема за 8,5%, или за 567 милиони денари, покажуваат податоците на Народната банка.

„Најголем придонес за растот на добивката имаше капиталната добивка остварена од продажба на преземени средства (повисока за 916 милиони денари, или за речиси 1,5 пати), а во помала мера и растот на приходите врз основа на наплатени претходно отпишани побарувања (коишто бележат раст од 158 милиони денари, или за 18,3%).

Повисокиот финансиски резултат во 2020 година е под влијание и на намалениот број на банките, со оглед на излезот на „Еуростандард банка“ АД Скопје од банкарскиот систем, којашто работеше со загуба.

Од друга страна, отсуството на поголем раст на добивката се објаснува со зголемувањето на трошоците за исправка на вредноста (во поголема мера на финансиските средства, а во помала мера на нефинансиските средства) и намалувањето на нето-приходите од провизии.

Анализирано по банка, сите банки остварија позитивен финансиски резултат од работењето“, информираат од Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бран на поскапувања ќе донесе еколошката такса за горивата

Редакција

Жито Полог со загуба во првите три месеци

Редакција

Членови на МАНУ: Македонија не смее да се сведе само на географски поим, македонскиот идентитет е богат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница