еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Прогласена епидемија на заразна жолтица во училиште во Ново Село

Во основното училиште „Климент Охридски“ во Ново Село е прогласена епидемија на заразна жолтица, иформира д-р Силвана Петкоска, специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Струмица. Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат.

„Издадовме наредба во наредните 15 денови училиштето да биде затворено, бидејќи досега се регистрирани 11 пациенти, кај кои е откриен вирусот Хепатитис А. Ваква одлука донесовме за да не се прошири болеста во установата, каде има вкупно 80 лица заедно со персоналот“, вели д-р Петкоска.

Додава дека првиот случај е откриен минатиот месец, а вториот се појавил на почетокот на април. Се појавиле и нови  случаи, а меѓу нив има и една воспитувачка.

Според д-р Петкоска состојбата ќе се следи и доколку нема нови случаи на заразна жолтица се очекува училиштето да продолжи да работи по велигденските и првомајските празници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не очекуваат дождови и голем пад на температурите

Редакција

Доктор Даниловски: Еден до тројца од 10 прележани со Ковид-19 развиваат симптоми на пост-ковид синдром

Редакција

Сите повредени во пожарот во Кочани во македонските болници се во добра и стабилна состојба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница