еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Прогласени најуспешните работници на „Sport Life“

Водечката компанија во областа на игри на среќа и спортски обложувалници „Sport Life“, на најуспешните 60 вработени за 2021 година, им додели ваучери во износ од 12.000 денари за одмор или летување во посакуваната дестинација, информираат од компанијата.

Истите ќе можат да се искористат преку некоја од туристичките агенции, независно дали станува збор за патување во странство или во земјата.

Покрај ваучерите за летување беа обезбедени и дополнителни парични награди за исклучителен придонес на врвни тројца оператори во обложувалниците на „Sport Life“.

Најуспешните вработени се оценувани според повеќе критериуми и параметри базирани на учинокот на вработените во различни делови на работниот процес во текот на изминатата година, вклучувајќи го и нивното искуство и работен стаж во „Sport Life“.

„Sport Life“ успешно работи повеќе од 20 години, притоа едно од најважните правила по кои се раководи е постојаното инвестирање во развојот на вработените и нивното наградување за постигнатите успеси, велат од таму.

Покрај редовните обуки и тренинзи за стекнување разни вештини во работењето, тие се поттикнуваат и помагаат да стекнат повисоко образование, како на пример магистериуми или докторати. За успесите во работењето се предвидени редовни бонуси и награди, како и можности за кариерно унапредување. Ова се само дел од активностите кои „Sport Life“ ги спроведува за грижа и развој на вработените, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв форум „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците”

Редакција

Купи dry-fit маица од Skopje Run 10K и #ЗасадиВоздух во Скопје

Редакција

Амбасадата на Швајцарија и „Алкалоид“ АД во партнерство реализираа обука за вработување млад кадар со средна стручна подготовка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница