еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Производите од брендот Тиноски на продажба и на официјална веб-страница

Производите од брендот Тиноски, отсега може да ги порачате и онлајн на официјалната веб-страница tinoski.mk, освен во новиот арт простор во Дебар маало, на улица Благој Давков, број 14 (спроти фризерското студио Vogue).

Валентин Петрески или со уметничко име ТиноСки сака да создава уметност за луѓето да ги прави среќни. Неговите профили на Инстаграм изобилуваат со шаренило од бои, убави пораки, ситни изработени работи кои во текот на секојдневното лудило, забораваме за некого да ги направиме, да му ги кажеме, да го израдуваме.

„Она што го гледате во дизајните на Тиноски сум целосно јас. Несовршено, едноставно, а истовремено и шарено, прифатливо за сите. Драго ми е што Тиноски наметна стил кој се прифати од публиката и само заеднички се надоградува.

Препознатливост се гради кога со сета енергија ќе се дадете себеси. Се останато што се надоврзува е само плус на тоа“, изјави Петрески во интервју за еМагазин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Брендот ТиноСки веќе можете да го најдете во нов арт простор во Дебар Маало

(Галерија) Дизајнот на ТиноСки предизвикува насмевки, емоции и го буди детето во нас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-вест) Lisca Selection: Почувствувајте го пулсот

Редакција

Адора инженеринг го доби 9. национално признание за изградба на здрави еко домови заштитени од бучава

Редакција

Македонски средношколци ќе учествуваат на меѓународен натпревар во дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид на Формула 1

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница