еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Производите за здрава храна на „Виталиа“ едни од најпопуларните во Бангладеш

Производите за здрава храна на “Виталиа” го освојуваат и азискиот континет. Последна дестинација каде се пласираат овие македонски производи е Бангладеш. Голем дел од производното портфолио на оваа наша македонска компанија, можат да се најдат на полиците во модерните супермаркети во оваа земја, каде завршуваат само внимателно селектирани производи кои се одликуваат со здрави состојки и проверен квалитет.

Овој успех се должи благодарение на квалитетот и прифатливите цени на производите и секако на развојната стратегија на компанијата да оствари диверзифициран пласман во што поголем број на земји.

Бангладеш е една од најпопуларните туристички дестинации во  Јужна Азија, земјата излегува на Бенгалскиот Залив. Населението е претежно муслиманско, а главниот град Дака е најголем економски и финансиски центар во Југоисточна Азија.

Виталиа е најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во Република Македонија, иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски повторно хит во регионалните медиуми: Доби азил во Унгарија, Македонија го бара назад

Редакција

(Аудио) „Жртви“ на руските комичари освен Заев биле и Макрон, Ердоган, Столтенберг…

Редакција

Алкалоид со консолидирани продажби од 153,9 милиони евра, извоз од 106,9 милиони евра и со инвестиции од 11 милиони евра во периодот јануари – јуни 2024

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница