еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пролет во февруари: Сончево со температура до 17 степени

Времето во земјава ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус четири до нула, а дневната од девет до 17 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до 16 степени.

До четврток ќе се задржи претежно сончево и потопло време.

Во петок се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

В сабота ќе дува засилен северен ветер, наместа ќе има слабо провејување на снег. За време на викендот ќе има значително опаѓање на дневната температура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Попова Шапка – 15 степени, времето денеска облачно и многу студено со ветер од северен правец

Редакција

Колку шолји кафе е добро да се испијат во текот на денот

Редакција

Во Македонија се возат стари противпожарни и амбулантни возила

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница