еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пролет во февруари: За викендот натпросечно топло време со температури до 20 степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.

Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.

Утре минималната утринска темшература ќе се движи од -3 до 3 степени, а максималната дневна ќе достигне 20 степени.

Во четврток дневната температура ќе биде максимум 19 степени, а во петок и сабота 20.

Во недела ќе има постепено намалување, на 16 степени, додека за понеделник се прогнозираат максимални 14 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција

Саниран е дефектот на водоводната цевка, кој остави голем дел од Центар без вода

Редакција

(Видео) Мукаетов дел од регионалниот Форум на менаџери: Нѐ очекува исклучително тежок период, кризата неминовно ќе се одрази врз работењето на компаниите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница