еМагазин
Image default
Локално

Промена на рутите и целната локација на дефилето „Јас внимавам и безбедно возам“

Дефилето на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот што ќе се одржи во сабота, 13 мај 2023 ќе започне во 11 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотел Holiday Inn и на мотоциклистите во 11. 30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

До ваквата промена дојде поради неможноста истиот ден да се користи плоштадот „Македонија“ за оваа намена.

Дефилето има за цел да влијае врз зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигање на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот.

Дефилето кое ќе се одржи под мотото „Јас внимавам и безбедно возам” е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст.

Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.

Сите кои сакаат да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, можат да се приклучат на ова свечено дефиле со својот велосипед или мотоцикл.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

58-годишен градежен работник загина во Охрид

Редакција

Во Скопје вчера санкционирани 116 возачи

Редакција

Одржана втора работилница за складирање енергија – Акуо гради мостови меѓу студентите, иновациите и зелената енергетска иднина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница