еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Промена на времето, утринската температура ќе се спушти до нула

Пад на температурата, која во утринските часови во некои делови ќе се спушти до нула, најавуваат метеоролозите за наредните денови.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Утре и во петок ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурите.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури што на места ќе се спуштат и до нула степени.

Утре утринската температура ќе се движи од осум до 15, во петок од седум до 15, во сабота од нула до девет, во недела од нула до 10 степени, понеделник од два до 11 и во вторник од четири до 13 степени.

Дневните температури ќе се движат утре од 18 до 28 степени, во петок од 18 до 25, сабота од 19 до 26, недела од 20 до 27, понеделник од 22 до 30 степени во вторник од 22 до 29 степени.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бранка Костиќ Марковиќ позитивна на корона вирусот: И при голема претпазливост, не знаете вирусот од каде може да се протне

Редакција

Од срцев удар починало 26-годишното момче од Виница, семејството замоли за почит и да престанат шпекулациите

Редакција

Отворени разговори за менталното здравје на тема: „Стрес – темпирана бомба за телото и духот“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница