„Макпромет“ АД Штип преку Македонската берза ги објави одлуките од вчерашното Собрание на акционери меѓу кои се и одлуките за разрешување и именување членови на Одборот на директори на компанијата.
Собранието одлучи да ги реименува Миле Атанасов за неизвршен член, а Пиха Стерјова од позицијата извршен член да стане независен неизвршен член на Одборот на директори.
Истовремено, на местото на досегашниот независен неизвршен член Ленче Ѓорѓиева е именувана Виолета Николова како извршен член на Одборот на директори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Макпромет“ ја зголеми добивката
„Макпромет“ оствари добивка од 8,7 милиони денари за три месеци