еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска променливо облачно со повремени врнежи на снег и дожд, од недела постудено

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места и од дожд и снег во пониските предели.

Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, кој ќе се задржи и во текот на ноќта, кога на повеќе места ќе биде силен со над 80 километри на час, а на планините и над 90 километри на час, што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата кон недела.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен дожд, кој во делови од котлината ќе преминува во снег, особено во утринските часови и кон крајот на денот.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засили. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи известуваат дека утре времето ќе биде променливо облачно и значително постудено, а на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер.

Во следните денови ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Графикон) Филипче: Линеарниот раст на заболените со коронавирусот охрабрува

Редакција

Лекарите се преморени и заразени со Ковид-19: Лекарска комора бара дополнителни рестриктивни мерки и граѓаните да ги почитуваат

Редакција

Митрополит г. Петар: Христос се раѓа во оној, кој денес ќе го сретне својот ближен и ќе му посака секакво добро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница