еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промоција на нов роман на Лидија Димковска во издание на ТРИ

Во четврток, во кафе-бар „Филхармонија“, со почеток од 19:30 часот, ќе се одржи промоција на новиот роман од Лидија Димковска, „Единствен матичен број“, во издание на ТРИ.

Воведот кон овој четврти роман на Лидија Димковска ќе ни го овозможат Виолета Танчева-Златева и Гоце Смилевски, истакнати автори во современата македонска литература, кои во оваа книжевна епизода се појавуваат како промотори.

Лидија Димковска е веќе докажана авторка на овие простори и надвор од нив. Двапати се има закитено со наградата за проза „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, како и со германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, со романските награди „Поесис“ и „Тудор Аргези“, наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска книга за „Гранична состојба“, итн..

Преведена е на неколку странски јазици со избори и засебни книги кои редовно наидуваат на позитивни критики и одгласи. Нејзините книги често ги следат внатрешните борби на поединецот кој во надворешниот свет трага по својот идентитет.

Така и овој нејзин нов роман ни носи освестувачка приказна за нашиот свет што заборавивме да го сакаме. Ќе нè одведе до себеприфаќање, себепронаоѓање, пронаоѓање на домот. Роман потрага по утопијата на идентитетот преку дистопијата на животот.

Промотивен настан кој е значаен чекор во македонската литература. Се очекуваат сите читатели да бидат дел од една нова страница во домашната книжевност.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Symphony пристигна: Погледнете ја канцеларијата во Скопје во која би сакале да работите

Редакција

Светска премиера на документарниот филм „Тело“ на Петра Селишкар на Сараево филм фестивал

Редакција

„Shooting Star“ за 2021 година: Македонката Сара Климоска една од десетте европски актерски имиња

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница