еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промотивен орочен депозит со камата однапред – Штедење во Стопанска банка АД – Скопје

Ако сте во дилема како да ги инвестирате своите слободни средства, искористете ја оваа одлична можност и вложете ги своите средства на промотивниот орочен депозит за кој каматата се исплаќа однапред, во моментот на вложување на средствата.

Промотивната понуда на Стопанска банка АД – Скопје важи до 20 април за сите нови орочени депозити со избор на рочности од 12, 24 или 36 месеци, со гарантирани годишни каматни стапки и до 3.3% за депозити во денари, односно до 2.3% за депозити во евра, информираат од таму.

Минимален износ на вложување е 300.000 денари односно 5.000 евра, а износот на пресметаната камата се исплаќа однапред, во моментот на вложување на средствата, на сметка по избор на клиентот. За време на користење на депозитот, клиентите постојано имаат увид во штедните влогови преку e-banking системот на Стопанска банка.

Пример пресметки за камата што би се исплатила однапред:

За 1.000.000 денари орочени на 36 месеци со каматна стапка од 3.3% годишно, однапред исплаќаме камата од 90.090 денари.

За 10.000 евра орочени на 36 месеци со каматна стапка од 2.3% годишно, однапред исплаќаме камата од 690.63 евра.

Како сигурна и стабилна Банка со најдолга традиција на пазарот, постојано ги следиме барањата на клиентите и ги прилагодуваме понудите според нивните потреби со широка палета на современи и атрактивни производи креирани да ги задоволат личните потреби на секој клиент, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и потопло со мала облачност, температурата до 21 степен

Редакција

„Недела на дизајн Скопје“ отвора повик за дизајн решенија, за сѐ поврзано со велосипед

Редакција

(Фото) Купи километри на Skopje Run 10K за себе или за десетиците амбасадори затоа што #СекојКилометарЗначи за СОС Детско село

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница