еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Промовирана книга за монетоковањето во Античка Македонија

Познатиот бизнисмен Доне Таневски ја промовираше книгата „Монетоковањето во Античка Македонија“ на која работел повеќе од десет години.

Се работи за обемно дело од 517 страни во кое е претставен периодот од шести век пред наша ера се до римската доминација на територијата на Македонија.

Делото е специфично по тоа што е базирано на повеќе од 160 библиографски извори од еминентни  автори од целиот свет, меѓу кои најголем дел за прв пат се користат во една научна книга во Македонија.

Според уредникот на книгата професор-доктор Наде Проева, авторот дава не само основни податоци, туку и преглед на најновите сознанија во нумизматичката наука, корисни дури и за професионални нумизматичари.

„Со едноставни зборови авторот успеал да прикаже доста тешка но и истовремено и мошне интересна материја и да и ја доближи на широката публика.

Следствено на тоа, книгата претставува вистински прирачник за македонското монетоковање, со што се пополнува еден голем недостиг од стручна литература во оваа област“, вели проф. Проева.

Со ставот на Проева се сложија и двајцата промотори на книгата магистер Милица Шелдарова и доктор Перо Јосифовски, кои како признаније на огромниот вложен труд, Таневски го ословија со свој колега.

Покрај обемната анализа на монетоковањето за дури 26 владетели на територијата на Македонија, во книгата може да се најдат и нумизматички и аукциски каталози на монети испечатени во висока резолуција како и тежински стандарди користени од македонските кралеви.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Македонската историја не треба да биде тема за политичко пазарење

Редакција

Културното наследство од македонските пари ќе им биде претставено на странски универзитети

Редакција

Како браќата Кирил и Методиј го бранеле словенскиот јазик: Зар сонцето не свети за сите исто

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница