еМагазин
Image default
Локално

Пронајден починат кумановец кој беше пријавен за исчезнат

Шеесет и седумгодишниот кумановец по кого трагаше и семејството и полицијата е пронајден мртов во нива во населбата, на телото нема траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.

Вчера во 12:32 часот во СВР Куманово, Д.С. од Куманово пријавил дека пронашол починато машко лице додека извршувал земјоделски работи на нива во населбата Карпош.

„Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.М.(67) од Куманово за кого на 15 февруари годинава во СВР Куманово беше пријавено дека се оддалечил од домот“, соопшти СВР Куманово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на семејството.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На скопскиот аеродром уапсен Иранец баран од Интерпол

Редакција

Жена повредена кога во неа удри автобус кај Железничка станица

Редакција

Поголем фокус на наставата по забраната на мобилните телефони во училиштата во Општина Центар

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница