еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пронајдени две лица кои исчезнале на падините на Шар Планина во реонот кај Титов Врв

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина во реонот кај Титов Врв, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Едното лице (јавувачот на настанот) е пронајдено некаде по 20 часот и истото од кај страната на Титов Врв (околу 03 ч) е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница.

Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово, кој се здобил со телесни повреди.

Со цел за пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна, односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа, велат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Четири деца на возраст од шест месеци до пет години загинаа во пожар во Нови Пазар

Редакција

Тројца кандидати на странска политичка партија за парламентарните изборите

Редакција

Сите детали: Како да се пријавите за вакцинација во Србија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница