еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пронајдени две лица кои исчезнале на падините на Шар Планина во реонот кај Титов Врв

Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шар Планина во реонот кај Титов Врв, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Едното лице (јавувачот на настанот) е пронајдено некаде по 20 часот и истото од кај страната на Титов Врв (околу 03 ч) е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница.

Заедно со него во болница е пренесен и началникот на СВР Тетово, кој се здобил со телесни повреди.

Со цел за пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна, односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа, велат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчењето и немирното спиење кај децата не треба да се занемарува

Редакција

Од Ковид-19 починаа 15 лица, по три од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, по едно од Струмица, Струга и Кичево

Редакција

Русија најави санкции за земјите кои испорачуваат оружје за Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница