еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Пронајдено четврто тело на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Обвинителството на Косово потврди денеска дека го пронашло мртвото тело на уште еден од осомничение напаѓачи на северот на земјата, со што бројот на убиените од редовите на вооружената и маскирана група која вчера изврши напад врз косовски полицајци во селото Бањска во северно Косово, се искачи на четири, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мртвото тело на напаѓачот е пронајдено на околу 1,5 километар од местото на инцидентот, еден ден откако група од десетици вооружени лица ја нападна косовската полиција.

Веста за Радио Слободна Европа ја потврди обвинителот Наим Абази, кој рече дека на местото на настанот е пронајдено уште едно возило полно со оружје.

– Се обидуваме да го легитимираме, бидејќи во моментот немаше никакви документи за идентификација со себе, рече Абази.

МИА/Фото: Еулекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока бројка на починати од Ковид-19: 24 во болница и тројца во домашни услови

Редакција

Нови 693 случаи на Ковид-19, оздравени 826, двајца починати

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на „М.Ж. Транспорт“ за набавка на струја вреден 2,3 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница