еМагазин
Image default
Локално

Пронајдено мртво машко тело во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница. Телото е забележано околу 14 часот по што е пријавено во полицијата, по што е започнат увид од институциите.

-Околу 14 часот во полициската станица Жеровјане пријавено е дека на течението на реката Вардар во близина на браната кај Радиовце е најдено безживотно тело. По пријавувањето на местото се пристигнати екипи од СВР Тетово, Основно јавно обвинителство по што е започнат увид со цел идентификување на безживотното тело и расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Од тетовската пожарна информираа дека нивните стручни лица учествувале во вадењето на телото од реката Вардар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца скопјани нападнале полицајци пред угостителски објект во Драчево

Редакција

Зошто ги уништуваме убавите приказни: Планинарскиот дом во село Папрадиште создаван од нула, престанува да постои

Редакција

Приведена 62-годишна скопјанка, го нарушила јавниот ред и мир за време на прес-конференција со најавен протест

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница