еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пронајдено телото на 27-годишен работник од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат

Во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“, во близина на кочанското село Бања, доцна попладнево е пронајдено безживотното тело на 27-годишниот Р.А. од Кавадарци, кој вчера беше пријавен дека е исчезнат.

-Полициски службеници во соработка со вработени од водостопанската подружница „Брегалница“ и од Територијалната противпожарна единица попладнево околу 19 часот го најдоа телото на исчезнатото лице кај еден од испустите за вода во близина на црквата во Бања.

По наше барање претходно беше намален водостојот во каналот, со што потрагата беше олеснета.

Лицето паднало во каналот за наводнување кај селото Тркање додека работело на инсталација на фотоволтаична централа за електрична енергија, по што негов колега случајот го пријавил во Полициската станица, изјави Александар Максимов, началник на Одделението за внатрешни работи од Кочани.

Увид на местото на настанот прават полициски екипи, а повикан е и јавен обвинител од Кочани кој треба да одреди дали ќе се врши обдукција врз телото на починатиот. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбележување на 75-годишнина: Македонците и граѓанската војна во Грција (1946-1949)

Редакција

Мајка преку класната дознала дека вулгарни фотографии од ќерка и кружат меѓу учениците

Редакција

Бугарската „Соларпро холдинг“ го доби тендерот на Градски паркинг – Скопје за набавка на струја вреден 61.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница