еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Пронајдено телото на Пригожин

Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е прнајдено телото на шефот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин. Неговото течло е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина.

Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци.

Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска несреќа, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда.

– Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“.

Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон Русија, но таквата информација не е официјално потврдена.

Руското Министерство за вонредни состојби вчера соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Во авионот имало 10 лица, меѓу кои и тројца членови на екипажот и сите загинале. Пригожин и командантот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин биле на списокот на патници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Евгениј Пригожин, лидерот на руската платеничка група „Вагнер“ кој загина во авионска несреќа

(Видео) Лидерот на руската паравоена група „Вагнер“, Пригожин загина во авионска несреќа

Фото: Пригожин/Телеграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападнат полицаец пред израелската амбасада во Белград, чинот оценет како терористички

Редакција

Алијансата за Албанците го номинираше Ремзи Мехмеди за претставник во работната група за измени на Уставот

Редакција

Адора урива рекорди на пазарот на недвижности во Србија: По цена од 4.800 евра за метар квадратен, го продаде најскапиот стан на Златибор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница