еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во јули 31.812 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесува 31.812 денари и е за 11,5 проценти повисока од просечната плата во истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8  проценти), Стручни, научни и технички дејности (17,5 проценти) и Уметност, забава и рекреација (16,3 проценти).

Според податоците на ДЗС, намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,3 проценти), Рударство и вадење на камен (3,9 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,9 проценти).

Во јули годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.590 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен ќе ја разгледува законитоста на член 163 од Законот за банки

Редакција

(Галерија) Денот на инвеститорите на НЛБ ги собра светските инвеститори, аналитичари, финансиски експерти и клучните бизнисмени од регионот

Редакција

ТАВ Македонија е најпосакуван работодавач во категоријата „Транспорт и логистика”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница