еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во јуни 31.869 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според ДЗС, во јуни годинава просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен изнесувала 47.634 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, 23,1 процент, Уметност, забава и рекреација (17,5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (16 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (6 проценти), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,7 проценти) и Рударство и вадење на камен (4,3 проценти).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на ПИОМ за набавка на пикап вреден 13.000 евра

Редакција

Договор од 26,8 милиони евра со “Пуцко петрол“ склучи ЈСП

Редакција

Под истрага фирма која ја чисти Владата и министерства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница