еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во февруари изнесувала 27.948 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2021 година изнесувала 27.948 денари, што е зголемување за 2.7 отсто во однос на истиот месец, минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: информации и комуникации (10.1 %), други услужни дејности (8.2 %) и рударство и вадење на камен (7.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен (9.0 %), уметност, забава и рекреација (6.4 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (4.1 %)“, соопшти ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Здравствен дом – Охрид за набавка на амбулантно возило вреден 74.000 евра

Редакција

„Сава Осигурување“ ја зголеми добивката

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на Фондот за здравство за набавка на горива вреден 67.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница