еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во ноември изнесувала 25.787 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година изнесувала 25.787 денари, што е пораст од 5,1 отсто во однос на истиот месец 2018 година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (9.5 %), Преработувачка индустрија (8.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (8.2 %).

„Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Административни и помошни услужни дејности (3.8 %), Стручни, научни и технички дејности (2.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (1.6 %)“, соопшти ДЗС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид АД Скопје – добитник на наградите за Најтранспарентно котирано акционерско друштво и за Акција на годината за 2023 година  

Редакција

ЕСМ и официјално го презема управувањето и со топланата Скопје Север

Редакција

„Алкалоид“ почнува со исплата на дивиденда на 22 мај: Акционерите да не заборават на трансакциските

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница