еМагазин
Техно

Протекоа личните податоци на половина милијарда корисници на Фејсбук

На Интернет вчера се појавија личните податоци на над половина милијарда корисници на Фејсбук (533 милиони) и уште еднаш укажаа на тешкотиите што оваа компанија ги има со складирањето на чувствителните информации, пренесе Блумберг.

Американската агенција наведува дека информациите што протекоа ги вклучувале телефонскиот број, идентификацијата на Фејсбук, целосното име, локација, претходни локации, датум на раѓање, е-пошта, приватен статус и биографија.

„Чувствителните лични податоци се појавија на хакерски форум, претставувајќи потенцијален ризик за милиони трговци со криптовалути и луѓе кои сега можат да бидат ранливи на разни напади преку Интернет“, вели Алон Гал, технички директор на фирмата за безбедност „Хадсон Рок“, кој овие информација ги објави претходно денеска на Твитер.

Гал тврди дека протекувањето на податоците е поврзано со безбедносна грешка, што за првпат била откриена во 2019 година, а во јануари 2021 година било утврдено дека хакерите, исто така, можеле да ги користат информациите за пристап до телефонските броеви на корисникот.

Според Гал, информациите сега можат да бидат корисни за хакерите за разни видови измами, како и за да им служат на маркетинг цели.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на новоотворени е-продавници во Македонија

Редакција

Пет години гаранција на апаратите за домаќинство на Samsung

Редакција

А1 Македонија објави стратегиска соработка со ФИНКИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница