еМагазин
Македонија

Прв случај на наставничка во Прилеп заразена од коронaвирусот, 20 ученици во самоизолација

Во Прилеп денеска е потврден прв случај на наставничка инфицирана со Ковид- 19 и 20 ученици од второ одделение од прилепското основно училиште „Климент Охридски“ се ставени во самоизолација.

По потврдениот случај на наставничката инфицирана со коронавирусот постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, наставничката и 20 ученици од второ одделение од ова прилепско основно училиште, се ставени во самоизолација во траење од 14 дена, информираат од прилепската локална самоуправа.

Инаку, од Центарот за јавно здравје соопштуваат дека денеска во Прилеп има 25 нови случаи на заразени од коронавирусот, а 14 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи во Општината изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување. Во домашна изолација и во самоизолација се 420 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во Прилеп е 864 лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јакимовски поднесе кривична за непознат сторител за неговото ставањето на „црната листа“

Редакција

Димитров: Францускиот предлог ја билатерализира преговарачката рамка и не нè носи кон членство во ЕУ

Редакција

Агенцијата за национална безбедност ќе ја проверува листата на патници кои патувале во Банско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница