еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Првите 5.850 дози вакцини на „Фајзер“ ќе стигнат во февруaри

Македонија, ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19, од прозиводителот Фајзер, информираат од Министерство за здравство.

„Министерот за здравство Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид-19.

Првите 5.850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февруaри, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди,“ се вели во соопштението.

Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар помеѓу Гевгелија и Богданци, загрозено селото Ѓавато и ветерниците

Редакција

Во Кочани денеска протест за трагедијата во т.н. дискотека

Редакција

Хорор во Скопје: До смрт ја претепал жената со која живеел во куќа на улица „Перо Наков“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница