еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Првпат го видов „Силбо“ празно, корона вирусот го направи Скопје град на „духови“

Сабота навечер. Викенд. Осум часот. Скопје. Се движам од Карпош накај Кисела Вода. Градот е буквално празен, се е затворено, а по улиците по некој полупразен автобус и по некоја кола.

Полициски автомобили патролираат.

Истиот амбиент и на враќање назад околу 11 часот. За прв пат ја видов култната пекара „Силбо“, која ми е во маало, празна. Во „Силбо“ и околу неа секогаш имаше луѓе. Значи, секогаш, во било кое време.

И преку ден ја немаше таа раздвиженост, типична за еден просечен викенд во Скопје.

Сликите ме шокираат, но и истовремено повеќе ме израдува високата свест на жителите на градот, дека сега нема ништо попаметно отколку да се биде дома. Со своите.

Да, ќе биде уште потешко, пред да биде подобро. Сега е време на сплотеност на сите, опасниот вирус сите подеднакво не засега. Тој не бира по боја, националност, пол, возраст…

Што ли не сме издржале, ќе го издржиме и ова! За подобро да ни биде.

Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„КАМ маркет“: „Ограничете го купувањето на неделни количини, бидете солидарни“

(Галерија) Секое возило кое влегува и излегува од Дебар и Центар Жупа се дезинфицира

Детална листа: Најнови мерки и заклучоци на Владата против корона вирусот

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во штипската модуларна болница украдени 20 до 30 метри бакарни цевки

Редакција

„Тоа не може да се предвиди“, вели германскиот претседател Штајнмајер за влегување на Македонија во ЕУ во 2030 година

Редакција

Се надеваме на почеток на преговорите во декември, изјави австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница