еМагазин
Свет

Првпат по десет месеци, Израел забележа под 100 тешко заболени лица со Ковид-19

Бројот на сериозно болни пациенти со коронавирусот во Израел се намали на помалку од 100 лица, првпат во последните десет месеци, јави ДПА.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека се регистрирани 97 сериозно болни, од кои 63 лица се ставени на респиратори. Последен пат таа бројка беше под 100 на 7 јули 2020 година. Пикот го достигна на 17 јануари, кога 1.192 лица се наоѓаа на интензивна нега.

Израел спроведува успешна кампања за вакцинација од 19 декември минатата година, а бројот на заразени и болни драстично се намали во изминатите три месеци. Регистрирани се 51 нов случај во изминатите 24 часа. Само 0,2 процента од речиси 29.000 тестови биле позитивни.

Повеќето ограничувања за спречување на ширење на вирусот во земјата се укинати.

МИА/Фото: Photo by JC Gellidon on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија, Австрија и Чешка против барањето на ЕУ за хуманитарен прекин на огнот во Газа

Редакција

(Видео) Хит на Интернет: Панична реакција на француската министерка Пени – Рунаше, бидејќи ја заборави маската

Редакција

(Видео) Кинеското знаме предизвика тепачка во парламентот на Хонг Конг

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница