еМагазин
Image default
Свет

Првпат во историјата во светот има повеќе постари лица отколку мали деца

Првпат во историјата во светот има повеќе постари лица отколку мали деца, покажуваат податоците на Обединетите нации (ОН).

Бројките на ОН говорат дека на крајот од 2018 година, бројот на оние над 65-годишна возраст го надминал бројот на помлади од пет години.

Сега на планетата има околу 705 милиони луѓе на возраст над 65 години, додека оние на возраст до четири години се околу 680 милиони.

Тековните трендови укажуваат на раст на диспаритетот меѓу најстарите и најмладите до 2050 година – ќе има повеќе од две лица постари од 65 години на секое дете на возраст до четири години.

Овој се поголем јаз е показател на трендот, кој демографите го бараа со години: во повеќето земји живеат подолго, но не се прават доволно бебиња.

Кристофер Мари, директор на Институтот за мерење и проценка на здравјето при Универзитетот во Вашингтон, изјави дека „ќе има многу малку деца и многу луѓе над 65 години, а тоа во голема мера ќе го отежне одржувањето на глобалното општество”.

Овој академик исто така е автор на една студија во 2018 година, која укажува на тоа дека речиси половина од сите земји во светот се соочуваат со „крах на бебиња” – што значи дека нема доволно деца за да се одржи популацијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Еспресото“ можно делотворно оружје против Алцхајмерова болест

Редакција

(ВИДЕО) Во Лондон уапсен основачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Редакција

Американците соборија трет неидентификуван објект за три дена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница