еМагазин
Image default
Македонија

Пукање во теолошкото училиште во Тетово, осомничен е 41-годишник од градот

Тетовската полиција информира дека е расчистен случајот со пукањето во објектот на средното теолошко училиште во градот кое беше пријавено вчера. За истрелите ќе биде поднесена кривична пријава за 41-годишен жител на Тетово.

-Осомничен дека со огнено оружје го извршил оштетувањето е 41-годишниот тетовец Б.М. Тој вчера околу 18 часот и 30 повикан е во Полициската станица Тетово, одземен му е пиштол „цз“ со рамка со 12 куршуми калибар 9 милиметри за вештачење, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информаците на СВР Тетово по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик за „предизвикување општа опасност“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 3 лица, вкупниот број е 5.458

Редакција

Пресуди за „крвавиот четврток“: Чавков осуден на 18 години затвор, Нинџа на 8 години, Игор Дурловски е ослободен…

Редакција

Заради уставните измени утре во Македонија доаѓа германската министерка за надворешни работи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница