еМагазин
Image default
Локално

Пукање во Тетово при приведување на човек баран со потерница

Во Тетово попладнево полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 38 годишник да избега, при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово. Настанот се случил на улицата Јане Сандански околу 16 часот.

„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода В.Ф (37) од скопското село Студеничани по кого имало распишана централна потерница за издржување на 6 годишна затворска казна за сторено кривично дело трговија со луѓе.

Пред да биде лишен од слобода В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Разбиена нарко група во Прилеп: Одземени луксузни возила и пари од дилерите, вмешани и полицајци

Редакција

Детален преглед: Кои уметници и здруженија добија пари од Град Скопје за проекти од културата?

Редакција

Кумановка физички нападната од три лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница