еМагазин
Image default
Локално

Пукање во Визбегово, повредено едно лице

Во скопското село Визбегово синоќа едно лице пукало со огнено оружје кон четири лица при што со повреди во пределот на нозете се здобило едно лице, соопшти Министертвото за внатрешни работи.

-Синоќа во 20:30 часот е пријавено дека во село Визбегово, скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од село Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје.

Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж пронајден починат покрај пат во тетовско

Редакција

МВР ги најде сторителите на убиството во Батинци

Редакција

Тетовчанец намерно прегазил сограѓанин по „ситна“ сообраќајка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница