еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пулмологот Дејан Докиќ за ТВ „24“: Очекувам кривата на врвот на заболени со корона вирусот да биде затапена

Пулмологот Дејан Докиќ во гостувањето на ТВ „24“ рече дека очекува кривата на пикот со корона вирусот да биде затапена, и да не биде остра.

„Очекувам таа да биде како рид, а не како остар планински врв,“ пластично објасни Докиќ.

Тој дополни дека тоа најмногу ќе зависи од однесувањето на луѓето за велигденските празници, и дали ќе ги почитуваат препораките за социјална дистанца.

Според него, секоја земја различно се справува со корона вирусот и оценува дека ние сме презеле мерки на време, што не е случај со Италија, каде што врз огромната смртност влијаеле задоцнетите мерки, старото население, непослушноста и сл.

Докиќ додаде дека и кога животот ќе се врати во нормала, сепак треба да се почитуваат препораките за дистанца и да се штитат старите луѓе.

Она што ветува како лек, овој реномиран пулмолог го истакна лекувањето со крвната плазма на веќе излечени пациенти, кои 14 дена најмалку немаат никакви симптими и се негативни на вирусот.

Докиќ им советуваше на граѓаните да ги почитуваат препораките, редовно да ги мијат рацете, да работат на имунитетот затоа што од него ќе зависи како ќе се изборат со овој вирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирусот

Филипче ќе предложи 24 часа карантин за Велигденските празници

Велигденските и Рамазанските празници да се прослават дома, апелираше Спасовски

Фото: Фејсбук/Докиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демократски сојуз бара Бугарија да ги спроведува заклучоците на Советот на Европа за македонското малцинство

Редакција

Во акција на МВР, УЈП и пазарен Инспекторат затворени неколку ноќни клубови во Скопје заради пропуштање лица без сертификат, неиздавање фискални…

Редакција

Убава вест: Оздравени 978 болни од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница