еМагазин
Image default
Македонија

Пуштен дома и последниот пациент со компликации од Ковид-19, кој се лекуваше на Интерното одделение во струшката болница

Отпуштен е и последниот пациент со компликации од Ковид-19, кој се лекуваше на Интерното одделение во струшката болница. За пациенти позитивни или суспектни со Ковид-19 на располагање е модуларната болница, каде во моментот се лекуваат осум пациенти.

Директорот на Општата болница во Струга, Арменд Арслани појасни дека Интерното одделение, кое од почетокот на пандемијата беше ковид центар, ќе им биде достапно на пациентите, кои имаат потреба од интернистички услуги, каде во просек дневно се вршат 55 амбулантски прегледи.

„Бројот на хоспитализирани лица со компликации од Ковид-19 е драстично намален. Минатата недела хоспитализирани се само две лица, а во моментот во модуларната болница се лекуваат осуммина, од кои еден е на кислородна поддршка,“ изјави Арслани.

Во модуларната болница, додаде, на располагање се 35 кревети за пациенти со компликации од коронавирусот со централен довод на кислород до секое легло.

Во изминатите 15 месеци, колку што трае пандемијата со Ковид-19, во струшката болница биле хоспитализирани над 2.000 лица.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако не се признае „историската вистина“ и тоа не влезе во преговарачката рамка, нема ЕУ, порачува Захариева

Редакција

Спасовски не сака да коментира дали ќе биде дел од новата Влада

Редакција

Македонија останува во фаза на широка трансмисија на Ковид-19, подниво 2, со умерен капаците за одговор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница