еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Путин: Операцијата во Украина е успешна

Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека неговата воена кампања во Украина е успешна и нема да дозволи таа држава да биде „отскочна штица“ што би користела како закана кон Москва.

– Операцијата се одвива успешно и во строга согласност со плановите, истакна Путин за време на владин состанок.

Тој додаде дека Русија нема друг избор освен да испрати војници, „нема да дозволиме Украина да служи како отскочна штица за агресивни дејствија против Русија“.

– Ако Западот мисли дека Русија ќе се повлече, тогаш не ја разбира Русија, нагласи тој на 21-от ден од руската инвазија врз Украина.

Путин, исто така, тврдеше дека држењето на Русија под контрола е долгорочна политика на Западот и дека економските санкции против неговата држава се „кусогледи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) 10 лица убиени во украинскиот град Чернигов додека чекале ред за леб

Вознемирувачки снимки од убиство на цивили во Украина

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кои европски земји луѓето поминуваат најмалку време на работа

Редакција

МВР откри кој стои зад новите “бомби“

Редакција

Единствено можно решение е уставни измени со одложено дејство, тоа би било вин решение и за Бугарија, кажа Сиљановска Давкова во годишното обраќање во Собранието

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница